Социјален работник- стручен соработник.
Неговата основна цел е помош на учениците да се прилагодат на училишната средина, преку стручна помош за надминување на физички, емоционални или економски проблеми, како и координација и влијание врз училиштето, семејството и заедницата во насока на остварување на таа цел.Со таа цел тој остварува повеќе улоги : застапник, консултант, клинички работник, фацилитатор, соработник,едукатор,медијатор, менаџер на случај, соработник  со локалната заедница, иницијатор и креатор на политики кои се однесуваат на социјалниот и емоцијалниот развој на учениците, со еден збор социјалниот работник претставува мост помеѓу семејството, заводот и локалната заедница.