Подготвителен оддел за деца од 3 до 6 годишна возраст со улога и на оддел за документација и едукативна иновација во процесот на инклузија: рехабилитација со цел  делумна или целосна припрема за идна инклузија во редовниот воспитно образовен систем; за потешките случаеви, целосна припрема за специјално образование и стекнување статус на ученик во истото.
Oпфаќа работа со деца од предучилишна возраст , од 3 до 6 години, со кои се работи на рана рехабилитација на слушањето и говорот, како и реализирање на активности адаптирани и прилагодени на најраната возраст. Основната цел на подготвителниот оддел кај децата со оштетен слух е формирање на орално-гласовен говор, максимално искористување на слушните остатоци, со употреба на акустични помагала и создавање навика за говорна комуникација, користејќи ги остатоците на слух, да се запознаат со светот на звукот, физички и психички да се припремат за описменување и понатамошен тек на рехабилитацијата и едукацијата. Со давање на одредени предзнаења и преку игра да им се помогне на овие деца во понатамошниот развој.

Програмата опфаќа шест области и тоа :
1. Преку игра до говор
2. Вовед во математика
3. Артикулација на гласовите 4
4. Психомоторна реедукација
5. Креативно и естетско изразување и
6. Музички стимулации и ритмички вежби

Подготвителниот оддел „Сонце“ опфаќа работа на деца со аустистичен спектар и други проблеми во развојот, од 4 до 6 години со кои се работи на рана рехабилитација. Основна цел на овој подготвителен оддел е децата да се опсервираат, да се адаптираат, да се социјализираат и воспитуваат, да се стекнат социјални и комуникациски вештини и основни културно- хигиенски навики. Во програмата се опфатени неколку области и тоа:

– Преку игра до комуникација, оваа област опфаќа различни активности, припремни вежби, вежби за говорните органи, со цел за остварување на говорната комуникација и тоа преку наједноставен начин на комуникација преку игра.
– Преку игра до математика, во оваа област планирани се активности кои имаат за цел вовед во елементаарните математички знаења, развој на логичкото мислење и поттикнување на мисловните активности.
– Детето и околината, децатаа во оваа област се оспособуваат за стекнување знаења од секојдневниот живот.
– Психомоторна реедукација и физички вежби, тоа се склоп на вежби изведени од секојдневни движења на детето, а со цел за остварување на сензо- моторни и психо- моторни вежби.
– Креативно и естетско изразување, активностите во оваа област опфаќаат слободно, естетско и креативно изразување на децата.
– Музички стимулации и ритмички вежби, со овие активности се развива моториката кај децата преку формирање на осет за ритам и ритмички вежби, се оспособуваат да го идентификуваат звукот и ритамот.

Со децата се работи индивидуално, активностите се прилагодени и адаптирани според индивидуалните способности на децата и се реализираат преку игра.