Заводот е единствена установа во Републиката од ваков вид. Истиот е основоположник на дефектолошката теорија и пракса во Република Македонија. Битола е град со вековни традиции. Затоа сме горди што нашата установа е дел од него и успешно се развива сега и години на назад.
Заводот за рехабилитација на деца со оштетн слух говор глас и други проблеми во развојот ,,Кочо Рацин,“-Битола се наоѓа на северниот влез од градот, од лева страна, во близина на црквата Св.Недела.
Име на училиштето – Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух говор глас и други проблеми во развојот “Кочо Рацин” – Битола
Адреса – Прилепска ББ Битола, Битола
Телефон – 047/236-900
Тел/Фах – 074/227-017
Основан од – Извршен совет на Народното собрание на НРМ 1949
Верификација-број на актот – 01-355/1 од 25.04.1963 год.
Година на верификација – 25-04-1963
Јазик на кој се изведува – Македонски и гестовен јазик
Година на изградба – 1952
Тип на градба – Тврда
Површина на објектот – 2415м2 (сутерен, приземје и два спрата)
Површина на училишниот двор – 7893 м2
Површина на спортски терени и игралишта – 720м2 асфалтирано ракометно игралиште и спортска сала 225м2
Заводот работи во смена – Дваесет и четири часа, 3 смени
Начин на загревање – Сопствено парно греење на екстра лесно масло (нафта)
Број на одделенија – Подготвителна група + 9 одделенија
Број на паралелки – 14
Број на смени – Три: претпладневна редовна настава, попладневни воннаставни активности со подршка на програмите од предпладневната редовна настава и организирано слободно време, интернат.