Социјално – заштитниот оддел (ИНТЕРНАТ) ги обезбедува пред се, основните егзистенцијални услови за образование и воспитание на учениците надвор од местото на живеење (сместување, исхрана , нега и превентивна здравствена заштита).

Тука , децата со различни пречки во развојот, се стекнуваат со потребни знаења и работно-културно-хигиенски навики.Опфатени  се во групи, за кои покрај негувателите кои се грижат за негата, личната хигиена и стварање хигиенски навики кај ученицитe, воспитувачите- недефектолози делуваат на  создавање можности за задоволување на индивидуалните потреби , желби и интереси на детето и позитивно исполнување на слободното време . Здравствениот персонал (доктор и медицинска сестра) во континуитет ја пратат здравствената состојба на учениците и обавуваат превентивна здравствена заштита.Социјалниот работник какао застапник на децата и родителите пред надворешни институции и соработници ја координира работата  на одделот и воедно претставува мост помеѓу семејството, заводот и локалната заедница.