Оддел за рехабилитација е поврзан со индивидуалните третмани како дел од нашата работа. и скоро нема никакви допирни точки со наставата. Одделот опфаќа шест кабинети, а се реализираат систем на програми наменети за дефектолошка дијагностика, рехабилитација на слушањето и говорот (аудиорехабилитација), воспитание и психосоцијална рехабилитација, логопедска, биофидбек, тифлолошка и друга терапија и тоа за ученици од припремните групи (три до шест годишна возраст), па се до деветто одделение.
Важноста на навременото превземање на хабилитациони и рехабилитациони мерки бара дијагноза и категоризација на децата со посебни потреби уште во периодот на најраното детство. За тоа е неопходна тимска работа и мултидисциплинарен пристап на дефектолози, лекари специјалисти, психолози, социјални работници и други стручни лица Нашиот оддел за индивидуални третмани и дефектолошка дијагностика има долгогодишна соработка со здравствените установи и сме дел од комисиите за категоризација. Високо стручниот кадар во ремедијалниот оддел е со долгогодишно искуство во работата со деца со посебни потреби. Го пратиме индивидуалниот развој на секое дете и помагаме неговиот напредок во воспитно образовниот процес и интеграцијата во животната средина.
Кабинет за биофидбек терапија со апарат со соодветен софтвер за работа со помош на мозочни бранови. Со помош на оваа безопасна метода, преку компјутерска игра децата успеваат да го подобрат функционирањето на својот мозок, да ја зголемат концентрацијата, да го подобрат помнењето, да постигнат подобри резултати во процесот на учење, да ја намалат својата напнатост, да ги отстранат пречките во говорот и да го подобрат својот психомоторен развој. Вежбите со апаратот за биофидбек овозможуваат усовршување на когнитивните функции на мозокот и неговата работа, а на тој начин се подобрува и функционирањето на целиот организам.
Во психолошкиот кабинет се работи на подобрување на вниманието и концентрацијата, јакнење на волјата и сигурноста во себе и слободување од емоционалната инхибираност.
Во логопедскиот кабинет се изведуваат вежби за говорот пишувањето и читањето.
Во ортооптичко плеоптичкиот кабинет се работи на корекција и подобрување на функциолниот вид, конвергенција и визуелна перцепција.
Во сурдолошките кабинети се работи на: дијагностика, протетика, слушна амплификација, индивидуални третмани за развој на слушањето и говорот.