СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ е проект кој е посебен не поради организаторите туку напротив, поради децата кои учествуваат во него и кои ни овозможија да го реализираме денешниот настан. Тоа се децата со посебни МОЖНОСТИ (како што родителите кажуваат), децата на кои им е потребна секоја дополнителна поддршка и децата без кои немаше да можеме да ја пренесеме пораката до пошироката заедница.
СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ има за цел да ги нагласи предностите од различностите кои постојат во нашиот свет и на младите да им ги отвори видиците кон нив, но и начинот како да ги прифатат и заедно да создадат еднакви можности за сите. Со донациите кои Банката денес ги објави кон асоцијациите се надеваме дека децата покрај денешната забава ќе уживаат и во подобрени услови за едукација и надградба.“