Почитувани ученици, родители, наставници, соработници и донатори, Денес уште еднаш го прославуваме Патрониот празник на Заводот. По тој повод Ви се обраќам за да Ви го честитам празникот и да Ви посакам многу здравје, мир, радост и љубов. Драги ученици, Ве повикувам заедно во мир и со трпение да ги дочекаме поубавите денови, кога повторно ќе се вратите во вашите клупи, и ќе го исполните училиштето со насмевки и песни. Во меѓувреме ќе продолжиме да ја заедно ќе продолжиме да ги градиме позитивните вредности со помош на дигиталните алатки за учење и дружиме.
Драги родители и наставници, Ве повикувам и за време на овие несекојдневни денови да продолжиме заедно да се залагаме за социјална, културна и интелектуална добросостојба на учениците. Да продолжиме да градиме човечки капитал кој понатаму позитивно ќе влијае врз развојот на општеството во кое живееме.
Воедно, Ви се обраќам да го поддржиме и развиваме знаењето, толеранцијата, хуманоста, како и да ги негуваме принципите на граѓанска одговорност, транспарентност и интегративност. Заедно да учествуваме во подигнувањето на квалитетот, моќта и унапредувањето на учениците. Тие се движечка сила во општеството и за нив заедно да обезбедиме отвореност, еднаквост и грижа.
Честит да ни биде Денот на Заводот.
Директор:
д-р Валентина Стојкоска